Со децении истаржувачите се труделе да најдат алтернативни начини за контрацептивни средства за мажите, но без успех.
Британските научници направиле уште еден важен чекор кога е во прашање создавање нови
контрацепциски методи – апчиња за мажи кои можат да го променат сексуалниот живот на милион парови. Тие откриле тајна како мажите да ги направат стерилни, но на одредено време, односно да ја намалат можноста на сперматозоидите да пливаат, пренесува Дејли меил. Ако сперматозоидите не можат да пливаат, тогаш не може ни да се оплоди женската јајце клетка.
Ова зачудувачко средство за контрацепција би се земало во облик на апче или назално како спреј, кои мажите би можеле да го земаат неколку часа или дури неколку минути пред половиот однос. После неколку дена, сперматозоидите па и плодноста би се вратиле во нормала.
За споредба, жените треба да престанат со земање контрацепциски апчиња со месеци пред да одлучат дека сакаат да забременат. Освен тоа, оваа нова метода помогнала и на паровите каде жената, заради медицински причини, не може да зема апчиња.
Единствена лоша страна на која предупредуваат научниците е тоа што жените нема да им
веруваат на мажите дека тие го испиле своето апче.