X
 26.10.2016 Култура

Ќе се менуваат ли книгите? Шекспир не работел сам на драмите

Шекспир имал помош во пишување на 17 негови светски познати драми, вклучувајќи и од неговиот наводен ривал, Кристофер Марлоу. Комбинираното авторство било откриено во новото издание за неговите дела кои се потпираат на големи податоци.

Тој може бил најголемиот драматург на сите времиња, но Вилијам Шекспир (1564-1616) не работел сам. Тим од меѓународни истражувачи заклучиле дека 17 од 44 дела биле резултат на соработки, соопштил Универзитетот Оксфорд.


Шекспир


Тоа е повеќе од двојно, осум од 39 драми кои биле идентификувани во 1986 година од страна на Оксфрод, имаат мешано авторство.

Се смета дека уште од 18 век, Кристофер Марлоу (1564-1593) бил ривал на Шекспир, а сега се признава како ко-автор на Хенри Шестти трилогијата. За Томас Мидлтон (1580-1627) се вели дека е ко-автор на „All's Well That Ends Well."

Осумнаесет експерти од пет земји работеле на новата верзија од јануари 2009 година. Тие откриле дека Марлоу всушност не бил ривал, туку соработник.


Кристофер Марлоу


„Многу научници се сомневале во ова уште од 18 век, но до неодамна немавме некој начин да докажеме дека е веродостојно"- изјавил за новинската агенција „AFP“,  главниот и одговорен уредник, Гери Тејлор од Државниот универзитет на Флорида.


Големи податоци откриваат мешано авторство


Според Тејлор, истражувачкиот тим употребил големи податоци за да спроведи прецизни споредби на делата на Шекспир и на голем број од неговите современици. Овие видови на компјутеризирани бази на податоци станаа достапни само во последните две децении.

„Ние броевме колку често одредени зборови и фрази се појавуваат во текстови на Шекспир и кај другите автори во негово време. Овие модели се прилично недвосмислени"- изјавил истражувачот, Габриел Еган од Универзитетот Монтфорд во Лестер.


драми


Тој рече дека останува нејасно како точно авторите работеле заедно. Тоа би можело да биде дека Марлоу го напишал текстот, а Шекспир подоцна го уредил.

„Дел од она што е интересно е интеракцијата меѓу две многу различни генијалци. Тоа е зошто овие драми погодуваат луѓе, што се различни од Шекспир"- објаснил Тејлор, мислејќи на трилогијата на Хенри Шестти.

„Сега можеме да видиме дека разликата е поради Марлоу, писател кој бил многу заинтересиран за политиката, насилството и верските конфликти. Марлоу пишувал за овие работи во различен стил. Овие откритија всушност ги прават овие драми поинтересни, а не помалку“- заклучил Тејлор.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура