X
 29.10.2016 Култура

Што смеат, а што не смеат да прават католиците за мртвите?



Ватикан и погребувањето.


Католиците не смеат да ја растураат пепелта на покојниот или урната да ја чуваат дома, објави Ватикан во вторникот, објавувајќи ги новите упатства за кремирањето.

Како причина за објава на упатствата се зачестените случаи на кремирање на починатите во многу христијански земји, како поевтин и од аспект на заштита на средината, поприфатлив метод, отколку традиционалниот закоп.

Католичката црква го дозволи кремирањето уште во 1963 година, иако и натаму го фаворизираа традиционалниот погреб на покојните.

„Може да се претпостави дека во блиска иднина, кремирањето ќе стане стандардна пракса во многу земји“, рече германскиот кардинал, Герхард Милер, префект на Конгрегацијата за доктрина на верата.
Во САД стапката на кремирања изнесуваше 26,2 проценти на почетокот на двеилјадитите години, за да порасне на 48,6 проценти минатата година. Во Германија изнесува дури 55 проценти.

Цитирајќи го канонското право, Ватикан изјави дека кремирањето не е забрането „освен во случаи кога изборот е направен од причини спротивни на христијанската доктрина“, но пепелта „мора да почива на свети места, како гробишта, црква или светилиште“.

До 1963 година, Ватикан не дозволуваше кремирање затоа што го сметаше за паганска пракса која го негира воскресението.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура