Фејсбук воведува построги правила за „лажни вести“ и споделувања кои содржат неточни информации.
Имено, најавено е соединување на преки 20 огранизации за известување, вклучително и Твитер за да се стопираат лажните информации да се шират во јавноста. Лажните
профили исто така ги има во голем број, поради што споделувањата треба да се сведат на минимум. Што треба да престанете да споделувате:
1. Пасош или возачка дозвола: многуми сакаат да ги покажуваат своите успеси на интернет, но подобро е информациите од документите да си ги задржите за себе.
2. Планови за одмор: приватните планови што се споделувани со јавноста им одат во прилог на крадците.
3. Детали од банка: дури и основните детали се доволни за хакерите да дојдат до пристап до сметката.
4. Добитни лозови: една Австралијанка споделила слика со добитен лоз со 825 долари, но бидејќи бар-кодот бил видлив, еден од пријателите и ги „украл“ парите.
5. Домашната адреса: иако не е толку опасно како споделувањето на информации од пасошот, информациите за домашната адреса може да бидат искористени против Вас.
6. Детали за децата: не станува збор за тоа дали сте им досадни на пријателите. Од безбедни причини проверете кој има пристап до Вашите споделувања и дали во листата на пријатели имате луѓе што воопшто не ги познавате.
7. Жалби за работата или шефот: некои разговори е подобро да ги чувате за себе. Ако пишувате за работата или шефот на интернет, голема е веројатноста дека ќе се дознае, а Вие да имате последици.
8. Копирани статуси: статусите од типот дека Фејзбук ќе наплаќа, или дека ќе добиете среќа ако ја споделите пораката, иако изгледаат безопасни зад нив може да стојат маркетинг компании или хакери што шират вируси.
9. Завршна фотографија од универзитет: со оваа фотографија криминалците имаат пристап до името, фотографија од ликот и локација на која се наоѓате подолго време. Не е чудно ова да се искористи против Вас и да станете жртва на измама.
10. Дневните планови: ако постојано споделувате кога нема да бидете дома, не бидете изненадели ако станете жртва на крадците.
11. Интимни лични фотографии: иако сте поставиле ограничување за публиката која може да ги гледа, хакерите можат лесно да ги направат видливи за луѓе со кои не сакате да ги споделувате.