Долгоочекуванoтo продолжување на брилијантната серија на документарни филмови „Планета Земја" вчера имаше премиера на ББС, а веќе со првата епизода „прикова“ за ТВ екраните бројни телевизиски гледачи во Велика Британија.
Меѓутоа она што го видоа гледачите многумина шокира и предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Сцената во која голем број на змии бркаат младa игуанa на плажата Galapagosa, долго време ќе се памети и раскажува.
Тимот на „Планета Земја" на островот Fernandina пристигнала во месец јуни, период кога змиите имаат најдобри можности за хранење во текот на целата година. Сместени во дупки, тимот снимаше што се случуваше на плажата, а веднаш штом забележале нешто што ги интересира, почнала борбата за живот и смрт. Така младата игуана била во близнина на морето, што било повод за јатото змии да одат во акција.
Снимката на ББС, покажува како змиите ја бркаат игуаната, која се обидувала да стигни до морето и да се спаси. Сепак, игуаната не успеала да се спаси, бидејќи змиите стигнаа до неа, ја прегазија и проголтаа.
Снимката го шокира и Дејвид Атенбороу, 90 годишен водител на проектот, кој во неговата долгогодишна кариера се изнагледал се.
SaveSave