X
 21.11.2016 Живот

Одговор на писмото од револтираната студентка од пензионерите

Одгвор на писмото од револтираната студентка од пензионерите


  
Душо млада!

Дури чекаш половина час и имаш време да го изнесеш својот гнев на начин кој не доликува на твоите години, нивото на твојата писменост и родот на кој припаѓаш, стави го телефонот во џеб. Погледни околу себе. Обиди се да видиш. Обиди се да ги видиш луѓето. Луѓе се тоа. Пензионери, студенти, работници. Тоа се луѓе. Убавина е тоа. Ама не секој може да ја види.

За тој половина час наместо да се отуѓуваш од родот свој човечки замаена во ситнежот на буквите со кои го истураш својот гнев, погледни во очите барем на еден од оние кои будат чувства на револт во твојата млада душа. Можеби на тој што му текнало да се вози низ градот затоа што е бесплатно и му следува, пошол на последна визита кај некој кој никогаш повеќе нема да ги види револтираните млади луѓе забрзани, замени а сепак дрги за него. Оној пак кој пошол на зелено пазарче да купи домати затоа што се поевтини за денар или два можеби пошол оти се ближи роденденот на неговото внуче па ако стисне од тука и од таму ќе може да му купи подарок. Можеби неговиот внук или внука ќе дипломира скоро па да не бидат одвоени од другите ќе му ги даде заштедените денар, два за дипломска прошетка низ Европа. Или едноставно со заштедените денар, два може да си дозволи подобра терапија за да го дочека матурирањето или дипломирањето на своите внуци. Можеби пак тие ја научиле вредноста на денарот или два на сосем друг начин. Начин кој младите души незнаат да го почитуваат а најмалку удостојуваат.

Оние што се возат бесплатно по автобусите за да заштедат на греење и да си прават муабет можеби излегле од дома за им ја отстапат својата соба на некое од внучињата за може на раат да учи и спрема испит или проект како што напомена. Па пуста љубов и желба да им овозможат на децата секаква удобност за да утре ете и тие станат свои луѓе и постигнат нешто во живото ќе ја занемарат својата удобност и мир. Можеби некои од тие пензиори се само осамени и бараат човечност, бараат искрен поглед и некој добар збор, макар и од туѓинец. Од некој друг кој исто така го користи моментот на бесплатно разменети зборови во бесплатниот гратски автобус.

И убаво е. Оти луѓето се убави. Секој на свој начин ама се убави. А нашите пак душо, верувај најубави се. Само терба да ги видиш, да ги чуеш, да ги почувствуваш. Млада си. Времето е пред тебе. Велиш немаш време. Велиш брзаш, брзате. Лага е тоа. Не твоја лична. Тоа се празни зборови наметнати од некои и нечии норми на отуѓување. Тоа се зборови што вовлекуваат во маѓепсаниот круг на замајување на човештвото. Брзаш да го напуштиш општото лудило на големиот град и да се прибереш дома ама абтобусот е полн и ти доцниш за да го фатиш другиот и така доцниш а твоите те чекаат. Не грижи се. Ние родителите знаеме да чекаме и да бидеме трпеливи многу повеќе одколку што вие за нас и ние за нив децата можеме да разбереме.

За тоа време додека доцниш орвори ги очите начули ги уште и отвори ја младата ти душа. Ем нешто ќе слушнеш ем ќе видиш и научиш од оние кои се причина за твоето доцнење.

И на крај за тебе малда душо. Многумина од нас би дале се на светот во тоа лудило на безработни пензионери кои бесцелно и бесплатно се возат низ градот да препознаеме нечии очи. Очи кои би ни дариле мудрост љубов и поучение за почит кон родот свој човечки. Очи кои не гледаат од некои за нас непознати височини.

Со почит до младоста и бунтовноста само кога младоста и бунтовноста бунтуваат со почит.

Бети.А

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот