X
 15.11.2018 Култура

Дали Си-ен-ен може да го победи Трамп на суд? Се чини дека може

Откако Доналд Трамп на прес-конференција минатата недела имаше расправија со новинар од Си-ен-ен, неколку дена подоцна на новинарот му била повлечена акредитацијата.

Во оваа сага Џим Акоста од Си-ен-ен, за непочитување на Првиот амандман, не е првиот протагонист. Веќе постои преседан што сигурно ќе биде цитиран ако сето ова дојде до суд.

Случајот е „Шерил наспроти Најт“ од 1977 година на судот во Колумбија. Во овој случај станува збор за новинарот Роберт Шерил. Во 1977 година судот пресудил дека повлекувањето на акредитацијата е голема штета на сметка на слободата на медиумите и тоа не може да се направи тукутака. Во најмала рака, се вели во објаснувањето, потребно е писмено известување со детално наведени причини и можност да реагира обвинетиот. Исто така, содржината што медиумот ја пишува не е доволна причина за одземање на акредитацијата (апропо омразата на Трамп кон Си-ен-ен).

1
Фото: Reuters


Се дошло до заклучок дека со оглед на светоста на Првиот амандман, одбивањето на акредитацијата мора да биде „смртно сериозно“ и објаснето во детали.

- Кога станува збор за Џими Акоста, државата нема да може да ги исполни тие стандарди - вели адвокатот на „Вашингтон пост“, Линч.

Џими Акоста, пак, е горд на улогата на „провокатор“.

- Ако можам да поставам уште едно прашање - му рекол Акоста на претседателот, а тој му вратил: - Доста е сега. Потоа следувала расправија, кога една девојка на Акоста му го истргнала микрофонот од неговата рака, па го обвинила (неоправдано, како што покажува снимката) дека ги ставил рацете врз неа.

Си-ен-ен го поддржува Акоста.

- Ова е битка за Уставот, акредитацијата на Акоста е симбол на слободата и за тоа дека Белата куќа е должна на народот да му каже што и како работи - вели медиумската куќа во својот коментар.

2
Фото: Reuters


Случајот на Шерил бил сосема поинаков, иако постојат паралели. „Волкот-самотник“, како што го нарекуваа во Вашингтон, Шерил своите „жртви“ ги разоткривал во книгите додека истовремено се занимавал со судска корупција и корумпираност на лобито за нафта и оружје. Самиот се опишувал како „независен радикален новинар“, а многу луѓе не го сакале. Пишувал по препознатлив сув и малку патетитчен стил.

Не го интересирал начинот на работа на другите новинари, ни бонтонот. Кога работел за „Мајами хералд“ во 1964 година, со удар му ја скршил вилицата на демократскиот гувернер на Флорида.

- Малку го потсредив, нема врска - изјавил подоцна.

Во 1965 година се преселил во Вашингтон и станал дописник од Белата куќа, а веќе во 1966 година му била одбиена акредитацијата. Администрацијата на тогашниот претседател Линдон Џонсон заклучила дека е „опасен“ поради случувањата во Флорида.

Американската унија за граѓански слободи поднесе тужба, повикувајќи се на сериозно прекршување на Првиот и Петтиот амандман, кои гарантираат слобода на печатот и право на транспарентен судски протест.

Тројца судии - Карл Е.Мекгован, Харолд Левентаи и Роџер Роб, ја потврдија и ја аргументираа одлуката дека правото на граѓаните на информации е ограничено, а на сослушувањето било заклучено дека Првиот амандман не дозволува вакви одлуки. Во суштина, судот одлучил дека Првиот амандман им гарантира влез на новинарите во Белата куќа. Судот дава право на исклучок ако станува збор за безбедноста на претседателот, но „произволни или содржински-базирани критериуми се забранети“.

2
Фото: Reuters


Лук М. Милиган, професор по право од училиштето за право „Луисвил“, вели дека Си-ен-ен тешко ќе докаже дека поради содржината на известување на Акоста ја изгубил акредитацијата, а Белата куќа ќе впери прст врз неговото однесување, со кое била прекината прес-конференцијата, што е непрофесионално.

Сеедно, некои експерти за право велат дека во однесувањето на Трамп се гледаат каприц и лоши намери.

- Ако судот смета дека е прекршен Првиот амандман и дека одлуката е каприциозна, тогаш ќе му ја врати акредитацијата - се согласуваат експертите.

- Претседателот отворено им се заканува на новинарите и вели дека може и други новинари да ја изгубат акредитацијата, во зависност од однесувањето - вели комисијата за слобода на медиумите.

Што се однесува до Шерил, иако ги надиграл Белата куќа и тајните служби, не трчал по акредитација, всушност, никогаш и не се пријавил за неа.

- Ми се смачи од Вашингтон и претпочитав да не ги слушам како држат конференции за новинарите - изјавил Шерил, кој почина во 2014 година на 89-годишна возраст.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура