Вистина е дека истовремено и ги сакаме и не ги сакаме хорорите. Ја сакаме напнатоста што ја предизвикуваат, а не го сакаме тоа што подоцна со денови не се осмелуваме да излегуваме навечер сами од дома. Познато ви е, нели?
И покрај тоа, не можеме да си помогнеме и сакаме да ги гледаме. За сите љубители на хорор-филмовите, оваа есен во кината се прикажуваат дури четири.
„The Nun“
Кога млада калуѓерка во Романија ќе изврши самоубиство, Ватикан ќе испрати свештеник со мрачно минато и искушеник да ја истражуваат нејзината смрт. Ризикувајќи ги своите животи, тие двајца откриваат демонска сила во форма на калуѓерка.
ИМДБ оцена: 7,5
Улоги: Таиса Фармига, Бони Аронс, Демијан Бичир
„Down a Dark hall“
14-годишното девојче Кит Горди се обидува да ги дознае тајните на проколнатото училиште заедно со нејзините пријатели. Така Кит се соочува со натприродни појави во институцијата и темните сили на директорката.
ИМДБ оцена: 5,2
Улоги: Ана Софиа Роб, Тејлор Расел, Ума Турман
„The Meg“
Џонас Тејлор влегува во авантура еднаква на самоубиство откако меѓународниот подводен центар, кој го водат кинеските научници, ќе се најде на удар на непозната опасност.
ИМДБ оцена: 6,1
Улоги: Руби Роуз, Џејсон Статам, Раин Вилсон
„Slenderman“
Во малиот град во Масачусетс четири средношколки изведуваат ритуал со цел да го разоткријат опасниот
Слендермен. Но, потоа една од нив мистериозно исчезнува, а девојките започнуваат да се сомневаат дека станува збор за уште една жртва на Слендермен.
ИМДБ оцена: 3
Улоги: Џои Кинг, Аналиса Басо, Хавиер Ботет