Изградена е експериментална кула во Ксиан, во провинцијата Шанкси, Северна Кина, за која се вели дека е најголемиот прочистувач на воздухот во светот, со височина од над 100 метри. Кулата беше тестирана од страна на истражувачите од Институтот за животна средина на Кинеската академија на науките за да се измери нејзината ефикасност. Властите бараат начини да се справат со хроничниот проблем со смогот и ова би можело да биде добро решение, ако докажат дека функционира.
Научниците што го предводат проектот тврдат дека донел значително подобрување на квалитетот на воздухот, иако се потребни дополнителни испитувања.
Околу основата на кулата има систем на оранжерии што покриваат област колку половина од големината на фудбалско игралиште. Кулата го вшмукува загадениот воздух и го загрева со сончева енергија. Потоа загреаниот воздух се подигнува низ кулата и поминува низ филтри за чистење со повеќе слоеви. Според Као Јунџи, раководител на истражувањето, тие забележале подобрувања во квалитетот на воздухот на површина од 10 квадратни километри во градот во текот на изминатите неколку месеци, а кулата успеала да создаде повеќе од 10 милиони кубни метри чист воздух уште во првиот ден од неговото лансирање. Во тешките загадени денови кулата била во можност да го намали смогот блиску до умерено ниво.
Во текот на зимските денови Ксиан е екстремно загаден бидејќи поголемиот дел од градското греење е на јаглен. Поради ова, кулата е специјално дизајнирана да биде целосно функционална во текот на зимските месеци.
Што се однесува до побарувачката на електрична енергија, кулата троши малку енергија за работа.
- Бара сосема малку енергија во текот на дневните часови - вели Као.
Постојат десетина станици за следење на загадувањето во областа за тестирање на влијанието на кулата. Досега, просечното намалување на PM2,5 честички паднало за 15 отсто во текот на тешките загадени денови. Овие резултати се прелиминарни бидејќи експериментот е во тек.
Целта на овој проект е да се најде ефикасен метод со ниска потрошувачка за вештачко отстранување на загадувачите од атмосферата.
Неколку луѓе во
Ксиан велат дека ја забележале разликата откако почнала да работи кулата.