X
 06.12.2016 Наука

Револуција во лекувањето на рак на простата: Пронајден е лек

Досега се сметаше дека тестостеронот е еден вид на „гориво" за напредување на ракот на простатата и целта на скоро сите терапии беше да се намали нивото на овој хормон во организмот на пациентите. Новото, сé уште експериментално медицинско истражување покажува нешто сосема друго.

Како што пренесува Daily Telegraph, мажите со напредна фаза на рак на простата на кои лекарите им давале големи дози на тестостерон биле излечени со таканаречена „шок терапија".


научници


И кај други пациенти кои учествувале во истражувањето ракот почнал полека да се повлекува


Нивото на антигени специфични за простата што претставуваат еден маркер за рано откривање на ракот драстично се намалило кај повеќето од 47 мажи кои биле подложени на новата терапија.  

„Кај еден пациент нивоата на антигени паднала на нула по три месеци и 22 циклуси на лекување“-се пофалија научниците.

Овој потенцијално револуционерен медицински експеримент го иницираше професорот Сем Денмеаде од универзитетската болница Џонс Хопкинс, болница во Балтимор во САД.

„Нашата цел е со шоковите да ги убиеме клетките на ракот, така што ќе ги напаѓање со тестостерон. Резултатите се зачудувачки добри, иако сé уште сме во рана фаза. Охрабрени сме од фактот дека болеста стагнираше кај поголемиот дел од мажите за една година откако тие беа подложени на нашата терапија“- вели професор Денмеаде.

Сите пациенти претходно примиле хормонски лекови „Abirateron“ и „Enzalutamid“ на кои организмот веќе станал отпорен.

Со децении пред ова откритие мажите со рак на простата биле лекувани со терапии за намалување на нивото на тестостерон, хормон кој се излачува од тестисите, а овој вид на терапија уште го препорачуваат многу експерти.

Времето ќе покаже колку новата шок терапија која Американците ја претставија на симпозиумот во Минхен и Германија ќе биде успешна.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука