07.11.2017
Здравје
Тест: Проверете дали имате проблеми со простатата
Со решавање на овој тест, подготвен од Американската асоцијација на уролози, а признаен од релевантни светски медицински организации, како и поддржан од Светската здравствена организација-СЗО, пациентите, а и докторите, можат да проценат колку се изразени симптомите предизвикани од бенигна хиперплазија на простатата, познато како зголемување или задебелување на простатата.
Соберете ги поените запишани пред одговорот што ќе го изберете и проверете го збирот во делот со резултати.
1. Во последниот месец, колку често сте имале чувство дека не сте го испразниле мочниот меур целосно?
0 поени - Никогаш
1 поен - Едно од 5 мокрења
2 поена - Помалку од една половина од мокрењата
3 поени - Една половина од мокрењата
4 поени - Повеќе од една половина од мокрењата
5 поени - Речиси секогаш
2. Во последниот месец, колку често повторно сте мокреле по помалку од 2 часа од последното мокрење?
0 поени - Никогаш
1 поен - Едно од 5 мокрења
2 поени - Помалку од една половина од мокрењата
3 поени - Една половина од мокрењата
4 поени - Повеќе од една половина од мокрењата
5 поени - Речиси секогаш
3. Во последниот месец, колку често ви се прекинувал млазот при мокрење?
0 поени - Никогаш
1 поен - Едно од 5 мокрења
2 поени - Помалку од една половина од мокрењата
3 поени - Една половина од мокрењата
4 поени - Повеќе од една половина од мокрењата
5 поени - Речиси секогаш
4. Во последниот месец, колку често ви било тешко да го одложите мокрењето?
0 поени - Никогаш
1 поен - Едно од 5 мокрења
2 поени - Помалку од една половина од мокрењата
3 поени - Една половина од мокрењата
4 поени - Повеќе од една половина од мокрењата
5 поени - Речиси секогаш
5. Во последниот месец, колку често сте мокреле со млаз?
0 поени - Никогаш
1 поен - Едно од 5 мокрења
2 поени - Помалку од една половина од мокрењата
3 поени - Една половина од мокрењата
4 поени - Повеќе од една половина од мокрењата
5 поени - Речиси секогаш
6. Во последниот месец, колку често ви било потребно да се напрегате за да почнете да мокрите?
0 поени - Никогаш
1 поен - Едно од 5 мокрења
2 поени - Помалку од една половина од мокрењата
3 поени - Една половина од мокрењата
4 поени - Повеќе од една половина од мокрењата
5 поени - Речиси секогаш
7. Во последниот месец, колку пати во текот на ноќта вообичаено станувате за мокрење?
0 поени - Никогаш
1 поен - Еднаш
2 поени - Два пати
3 поени - Три пати
4 поени - Четири пати
5 поени - Пет пати и повеќе
Резултати
1-7 поени - Благи симптоми
8-19 поени - Умерени симптоми
20-35 поени - Изразени симптоми
Посета на лекар се препорачува за секој резултат повисок од 1. Секој маж над 40 години, советуваат лекарите, еднаш годишно треба да посети уролог за превентивен преглед и покрај тоа што нема симптоми кои укажуваат на проблеми со простатата.
Подготвил: Н.Ф.