Ракот на простатата е најчестата форма на рак кај мажите. Илјадници мажи секоја година заболуваат од оваа болест, која ретко има симптоми во раните фази. Ново тестирање покажува дека медицинскиот канабис би можел да се користи како третман за болеста.
Податоци од лабораториско тестирање спроведено од британската компанија „Аполон формуларис“ покажуваат дека медицинскиот канабис може да ги убива канцерогените клетки во простатата. Според компанијата, медицинскиот канабис бил ефективен во убивањето на канцерогените клетки во простатата кои се отпорни на хормони, но и оние што се чувствителни на хормони.
- Се покажува дека канабиноидите имаат „антитуморни“ ефекти на различни начини, вклучително и преку директно убивање на канцерогените клетки, како и спречување на растот на клетките и метастазирање на туморот - изјавил докторот Стивен Барнхил, генерален извршен директор на компанијата.
Заклучоците се донесени врз основа на лабораториско тестирање, но има и други докази дека канабисот може да има позитивно влијание врз ракот и може да игра улога во третманите.
Извор:
Express
Насловна фотографија: Pixabay