Популарниот лов на Покемони опаднал од јуни месец, па креаторите најавуваат борба за оживување на глобалниот феномен.
Популарноста на играта драстично опаднала, а на врвот на најсимнувани апликации се најдоа други игри. Сепак, некои аналитичари велат дека
Pokemon GO и натаму има голема голема база на играчи и дека станува збор за мобилна игра со најголем раст.
Апдејтот што го направи американската фирма Ниантик (разви игра под закрила на Нинтендо), подразбира нови ликови, меѓу кои се и Тогеп и Пичу, а тука е и божиќниот шешир што го носи Пикачу.
Шеширот е ограничен и ќе може да се лови до 29 декември. Од компанијата не изнеле детали дали ќе биде можна „размена“ на ликовите.
Покемоните донесоа милиони, но добиваат сериозна конкуренција – играта на Нинтендо, Супер Марио, би требало да биде достапна на ајфоните уште во четврток.