X
 16.03.2021 Образование

Втор виртуелен настан под наслов „Соработка со индустријата - можности и придобивки“ во рамките на проектот EuroCC

Вториот виртуелен настан организиран во рамките на проектот EuroCC – Национални центри за компетенции за процесирање со високи перформанси под наслов „Соработка со индустријата - можности и придобивки“ ќе се одржи на 17 март 2021, 13:00-14:00 часот. Организатори на настанот се ФИНКИ при УКИМ, Инфините Солутионс и New Mans Business Accelerator, како партнери во имплементацијата на EuroCC проектот.

Главниот фокус на активностите на EuroCC проектот е прибирање на потребната експертиза за воспоставување на мрежа на Национални центри за компетентност за HPC (процесирање со високи перформанси - High Performance Computing), HPDA (анализа на податоци со високи перформанси - High Performance Data Analytics) и AI (вештачка интелигенција - Artificial Intelligence) во 31 земја-членка и земји кандидати на Европска Унија. Целта е да се обезбеди широко портфолио на услуги, прилагодено на националните потреби на индустријата, академијата и јавните администрации. Сето ова е во насока на поддршка и зголемување на националните компетенции за HPC, HPDA и AI, и зголемување на употребата на овие технологии во различни области во одделните држави.

На настанот ќе бидат претставени:
1. Досегашните активности на проектот;
2. Можностите за соработка со домашната индустрија, владините и НВО-институции;
3. Придобивките од остварената соработка.

АГЕНДА
13:00 – 13:15 Воспоставување на EuroCC Центар за процесирање со високи перформанси, проф. д-р Боро Јакимовски ФИНКИ, УКИМ
13:15 – 13:25 Мапирање на технички компетенции за HPC/Big Data/AI, проф. д-р Ивица Димитровски, ФИНКИ, УКИМ
13:25 – 13:40 HPC use case од Металната индустрија – предизвици и можности, Andrea Santoro од Италија, CAE Specialist, Ergolines
13:40 – 13:50 Причини за интересот за вклучување во проектот – почетно искуство Никола Соколов, Influencers Club
13:50 – 14:00 Прашања и одговори - Тимовите на EuroCC, Ergolines и Influenser club



Како дел од настанот, учесниците ќе имаат можност да го проследат и излагањето на Andrea Santoro, CAE Specialist од Италијанската фирма Ergolines (https://www.ergolines.it/) кој ќе го сподели своето искуство со HPC технологиите преку практичен пример (use case). Ergolines е светски лидер во производство на производи што се користат при производството на специјални челици, вклучувајќи специјални инструменти за континуирано леење на челик каде е клучно да се спречи пренесувањето на нечистотии во материјалот што се лее. За да се изработи прецизен мониторинг систем кој ќе го превенира ова потребни се презицни симулации што можат да се направат само со користење на HPC.

1. EuroCC во Република Северна Македонија
Во рамки на EuroCC проектот во Република Северна Македонија е предвидено:
1. Воспоставување Национален центар на компетенции за HPC, HPDA и AI
2. Идентификација и мапирање на технички компетенции за HPC, HPDA и AI
3. Централизација на пристапот до научна и техничка експертиза и знаење
4. Воспоставување соработка со индустријата, академијата и јавните институции преку:
➢ Бесплатна помош за идентификување и анализа на проблеми кои можат да бидат адресирани и решени со примена на HPC, HPDA и AI.
➢ Бесплатна обука и трансфер на знаење за вработените одговорни за воспоставување и подобрување на ефикасноста на процесите и/или примена на алатки од областите на HPC, HPDA и AI.
➢ Бесплатна изработка на доказ на концепт и обука за примена на истиот за решавање на проблеми од областа на HPC, HPDA и AI.
➢ Пристап до експертиза за примена на HPC, HPDA и AI за подобрување на процесите и обработката на податоци.
➢ Воведување на модернизација, скалабилност, раст, развој и отварање на нови бизнис можности за компаниите.
➢ Пристап до пресметковни капацитети за реализација на доказот на концепт и процесирањето и анализата на податоци со високи перформанси.
➢ Размена на искуства со компании/организации кои веќе имаат остварено позитивни резултати од користење на технологиите од областа на HPC, HPDA и AI.
➢ Можност за пристап до фондови за финансирање на решенија за постоечки и нови проблеми од областа на HPC, HPDA и AI за поддршка на растот и развојот на компаниите/организациите.


Пријава за учество

Сите заинтересирани може да го пријават своето присуство на овој настан на следниот http://survey.finki.ukim.mk/index.php/154842?lang=mk, како и да го пополнат Прашалникот за мапирање на техничките компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), Анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и Вештачка интелигенција (AI), кој е достапен на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSce3WuAFZTfuO0xXEvgL8h7jnLN2hixKjkI4A9iOmCVErtHbQ/viewform
Целта на прашалникот е да ги идентификува областите на експертиза, знаење и примена на HPC, HPDA и AI од страна на индустријата и институциите.

Повеќе информации на: www.hpc.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование