X
 16.03.2022 Живот

Канадски милионер донирал 3 милиони долари за засадување 100.000 нарциси

Ако се прошетате во живописното село Сидмут во Југозападна Англија, ќе ве пречека прекрасна глетка. Над 150.000 нарциси цветаат во крајбрежниот град создавајќи неверојатно море од цвеќиња што ја дочекува пролетта. Тоа не би било возможно без донацијата на дарежлив инвестициски банкар, кој му оставил 2,3 милиони фунти (речиси 3 милиони долари) на здружението на заедницата Сидмут по неговата смрт.

Роден во 1938 година во близина на Тотнес, Англија, Кит Овенс поминал 20 години во служба на РАФ пред да се повлече во Отава, Канада. Кога му беше дијагностициран терминален карцином во 2007 година, тој направи договор со здружението за разговори на село во Сидмут, познато како здружението „Сид Вале“ за да го искористи неговиот имот за поддршка на локални проекти, кои користат доброволна работа, а особено за одржување на амбиентот и начинот на живот.

Поради овој дарежлив придонес, биле засадени 153.000 цвеќиња на повеќе од 50 локации во градот Девон, вклучително и кокичиња и качунки. Сепак, нарцисите - лоцирани на Пик Хил во Сидмут - се ѕвездите на пролетта.

- Секоја година се враќаат спомените на овој човек кој ја направи оваа неверојатна работа за градот -  вели Ед Харисон од граѓанското друштво „Сидмут“.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Flickr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот