X
 19.12.2024 Здравје

Неправилното дување на носот може да ги влоши симптомите на настинка

Веројатно не сте знаеле дека постои правилен и погрешен начин да го дувате носот. Ако го дувате носот на погрешен начин, може да ги влошите симптомите на настинка. И дури може да предизвикате сериозна штета.

Пред неколку децении научниците од Центарот за здравствени науки на Универзитетот во Вирџинија ставиле боја во носот на луѓето за да видат каде оди слузта кога тие енергично го дуваат носот. Наместо слузта да истече, добар дел се турка назад во синусите, што доведува до влошување на инфекцијата, објаснува д-р Питер Филип, хирург и специјалист за уво, нос и грло од Универзитетот Раш во Чикаго.

Кивањето и кашлањето не ја придвижувале слузта на ист начин како што тоа го правело силното дување на носот. Силното дување може да ја влоши инфекцијата. Меѓу другите проблеми што може да ги создаде се: болка во увото, крвавење од носот, назален вестибулитис (мозолчиња и рани во близина на ноздрите), главоболки, па дури и фрактура на орбиталата (коскената празнина што ги содржи очното јаболко, мускулите, нерви и крвни садови).

Постојат извештаи за екстремни случаи кога луѓето го дувале носот толку силно, што предизвикале фрактура на орбиталата, па резултирало со отоци на окото и можно губење на видот на заболеното око. Во овие ситуации високиот интраназален притисок скршил една од коските на очниот отвор. Ова се исклучително ретки случаи на силно дување на носот, а луѓето успешно заздравиле откако престанале да го дуваат носот - пишува Универзитетот во Квинсленд и додава дека е можно и пукање на хранопроводот, иако и тоа е ретко.

Правилен начин на дување на носот


Експертите велат дека постои правилен начин да го дувате носот, а ако се направи правилно, може да спречи таложење на слузта. Потешко е да се „чисти“ кога слузта ќе се згусне. Луѓето со хроничен синузитис (воспаление и инфекција на синусите) обично дуваат посилно од другите. Исто така, се случува при блокирање на двете ноздри да се создава многу поголем притисок отколку да се дува со една отворена ноздра.

Нежното дување може да помогне да се одржи слузта под контрола. Но, многу експерти велат дека е многу подобро да се користи назален солен раствор наместо дување во марамче.

Извор: n1info.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје