X
 16.04.2019 Живот

Забранет солариум за малолетни лица

Во Србија отсега солариумот нема да биде дозволен за помлади од 18 години, како и за лица што боледувале од тумор или пијат одредени видови лекови.

Ова се само дел од новите правила за користење солариум, кои предвидуваат и потпишување согласност, во два примерока. Образецот нагласува дека корисникот го употребува солариумот на сопствен ризик и ги наведува сите можни штетни ефекти на ултравиолетовите зраци - зголемен ризик за рак на кожата, оштетување на видот, предвремено стареење на кожата, изгореници, исип и слично.

- Иницијативата за ограничување на употребата на солариум за лица помлади од 18 години е поднесена од Здружението на дерматовенеролози на Србија и добро е што ова и кај нас стана практика зашто тоа е веќе присутно во повеќе земји во светот - изјави проф. д-р Лидија Секуловиќ.

Новиот правилник ги обврзува сопствениците на солариум-апаратите на редовна техничка контрола на нивната исправност.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот