X
 16.04.2022 Политика

Државата во која жителите не гласаат на избори

Поголемиот дел од новите пратеници во собранието на Сомалија биле одбрани преку уникатни избори. Во Сомалија само неколку илјади луѓе гласаат за парламентот кој ја претставува нацијата од околу 16,3 милиони жители.

Државата корисни комплексен и индиректен политички систем во чии рамки политичките партии не се натпреваруваат на избори и нема избори во кои учествуваат сите жители. Наместо тоа, пратениците се одбираат од страна на претставници на кланови и членови на граѓанското општество кои се одбрани од регионални државни службеници.

Потоа, пратениците го одбираат претседателот, кој ја води државата. Во изборот на претседател учествува и Сенатот од 54 члена кој ги претставува регионите на Сомалија.

Овој модел на избори ја покажува моќта на клановите во Сомалија, кои се 'рбетот на сомалиското општество, пишува Би-би-си. Тие го пополнуваат и вакуумот кој се создава со отсуството на функционална држава. Сомалија немала функционална држава од колапсот на социјалистичкиот режим на Сиад Баре во 1991 г.


Фото: Freepik

Помеѓу клановите во Сомалија има големо ривалство, а четирите најголеми клана имаат еднаков број пратеници во парламентот.

Во овогодишните избори биле одбрани речиси 300 пратеници, а изборот на околу 30 не бил завршен поради несогласувања на повеќе проблеми. На изборите има масовна корупција, злоупотреба на моќ и непочитување на правилата. Се смета дека досега биле потрошени милиони долари за купување делегати, пишува Би-би-си.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Freepik 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика