16.06.2021
Живот
Голден Арт КЛ7 е младински шампион на Македонија
Голден Арт КЛ7 е шампион во младинска конкуренција за сезона 2020/21. Со четири победи во групната фаза против екипите на Аеродром, Металург РА, Македонија ЃП и Шампион, како и нерешениот резултат против Бутел, Голден Арт КЛ7 се пласира на завршниот турнир, кој денес се одржа во Велес.
Во полуфиналето момците на Игор Костевски го совладаа Еурофарм Пелистер 2, додека во финалето беа подобри домаќинот Велес со резултат 37:28
Покрај титулата шампион, за најдобар стрелец на завршниот турнир е прогласен Емилијан Ѓорговски со вкупно 22 голови, додека Иван Галевски е прогласен за најдобар голман.