X
 20.04.2022 Живот

Кога бев дете со Мартин Томовски: Само гледав од нога да каснам нешто и назад на забавата

Најголемо влијание ми извршија моите родители, учев од нив, будно внимавав и го прифаќав секој совет затоа што тие, без сомнеж, се единствените што секогаш ни мислат добро, вели Мартин

Ракометниот голман Мартин Томовски, кој ги брани боите на Македонската репрезентација и на Вардар, вели дека бил дете полно со енергија, расположено за игра.

- Кога би можел накратко да се опишам какво дете бев, би рекол, пред сѐ, среќно дете, дете полно со енергија, да не речам и хиперакткивно и секогаш спремно за каква било занимација, забава, најмногу за улични игри и спорт. Доста срамежливо, но како минуваше времето, станував сѐ поотворен, покомуникативен и подружељубив – ни сподели Томовски.
Роден е на 10 јули 1997 година во Скопје, а паралелно растел во две скопски општини, Центар и Ѓорче Петров.

На прашањето какви соништа негувал како дете, вели дека уште од мал имал љубов и страст кон секој спорт, едноставно спортот бил дел од него, но на крајот сепак ракометот се покажал како вистинскиот избор.

Прочитајте повеќе на Деца.мк


Слични вести од Fakulteti.mk

Живот