Растена во Гостивар со двете сестри Елизабета и Илина, прекрасни родители и многу голема поширока фамилија, Соња имала неверојатни детски авантури
- Секоја роденденска честитка од мајка ми, откако станав тинејџерка, е речиси идентична: „Среќен роденден, ќерко, да си ми жива и здрава, Бог да те дарува само со убавини“. Следува драмска пауза, а потоа извик: „Леле, колку немирно дете беше, што сѐ правеше, мајка, луѓето се чудеа“. Траумите од моето растење не се забораваат. Но, најинтересно е што секој поблизок и постар член од мојата фамилија и денес често знае да ме потсети колку немирно и откачено дете сум била и да сподели некоја случка во која сум била актер од некој трилер. Вака за Деца.мк се опишува себеси нашата позната новинарка Соња Алексоска-Неделковска.
Прочитајте повеќе за детските денови на Соња на
ОВОЈ ЛИНК