Магдалена Димитровска е менаџер за човечки ресурси во една од најбрзорастечките индустрии – финтек-индустријата. Како искусен професионалец за човечки ресурси во Тиго фајнанс, Димитровска ги објаснува предизвиците и предностите од работата во оваа индустрија, како и исклучителните можности за кариерен развој што ги нуди „Тиго“.
Што е потребно да се знае и поседува за да се стане дел од „Тиго“?
Секако дека за да се стане дел од „Тиго“, приоритетно потребно е да се поседуваат стручни знаења од индустријата, работа со финансиски услуги, како и познавања од државната и правната регулатива, локални закони, права и обврски на клиентите, но најмногу од сè - позитивна енергија и врвна корисничка ориентираност како постулат на нашето работење.
Нашата политика во ангажирање кадри оди и чекор понатаму, односно ги опсервираме ставовите на кандидатите, дали одговараат на корпоративната култура на „Тиго“ и каква енергија може да внесат во тимот. Тоа ни е исклучително важно затоа што секој вработен ја претставува компанијата и е нејзин амбасадор. Поаѓаме од тоа дека вештините и компетенциите се нешто што можеме да го развиваме и тренираме, но ставот и компатибилноста со културата на компанијата се број еден. Секоја вештина, доколку се сака, може да се развие – единствено што треба е да постои желба за учење.
Зошто финтек-индустријата е толку посебна и што бара тоа од вработените?
Финтек-индустријата е релативно млада. Првите стартапи во овој сектор беа создадени едвај пред 10 години. Ова значи дека професионалците што се приклучуваат на оваа индустрија имаат можност да растат со компанијата во динамична средина која постојано се развива. Покрај тоа, вработените работат заедно со инспиративни визионери кои размислуваат надвор од кутијата и се секогаш подготвени да одат чекор понатаму. Оваа индустрија како спој на висока технологија со финансиски услуги бара иновативност и интерактивност, како и приспособливост на дополнителни технолошки промени во насока на постојано движење напред. Двете области што ги спојува во единствена услуга ја прават специфична и со дивергентно насочени интереси. Дополнително, самата индустрија, токму поради нејзината пионерска улога на пазарите, побарува висок степен на континуирана едукација, не само на вработените туку и на населението во целост, па со цел максимална посветеност кон опслужување на потребите на клиентите, обрнуваме особено внимание нашите вработени да бидат целосно опремени со знаења за начинот на кој оваа индустрија работи. Во оваа насока е една од работите што треба да се научат со влегувањето во тимот на „Тиго“, а тоа се правилата и обврските од кодексот на Асоцијацијата, каде што сме член и чии одредби се многу важни за работата на „Тиго фајнанс“.
Kаков е предизвикот и каков метод применувате за да го задржите тимскиот дух, а секако и да менаџирате со сите вработени?
Финтек-секторот брзо расте и постојано имаме потреба од нови вработувања. Растот на компанијата дава можност за постојан кариерен развој на вработените, доколку, се разбира, тие ги пресретнуваат компаниските предизвици и се подготвени да дадат екстра напори. Работењето во финтек-компанија бара постојана координираност и брзо носење одлуки, па оттука неизбежна е тимската работа, професионалноста и, се разбира, довербата помеѓу вработените. Во „Тиго“ вистински се живее изреката: „Сите сме на ист брод“, а она што особено радува е што секој индивидуално ја знае сопствената важност во работењето и како тоа ќе придонесе за понатамошен раст и развој на компанијата. Отворената и транспарентна комуникација за сите теми од интерес на вработените и редовното давање фидбек се секојдневие во „Тиго“ бидејќи ваквиот вид отворено и комуникативно опкружување им овозможува на вработените да преземат одговорност, им помага да донесат одлуки и на крајот им овозможува да се чувствуваат повклучени во успехот на компанијата. Тоа така и ќе остане, бидејќи за нас тоа е успешната формула за „менаџирање“ со сите вработени.
Користиме неколку канали за интерна директна комуникација, топ-менаџментот на компанијата е сместен во канцелариски простор со останатите вработени и е лесно достапен во кое било време, редовно организираме тимбилдинзи и уште многу алатки кои ни помагаат да негуваме позитивна корпоративна култура.
Какви и кои се можностите за учење и напредување во „Тиго“?
Во Тиго постојано се учи, на сите нивоа. Како што споменав претходно, ова е брза индустрија која наметнува постојано да ја следиме, а тоа повлекува постојано надградување на сите вработени. За таа цел, имаме создадено програми за едукација и мотивација на вработените, како и постојани обуки на сите нивоа, промовирање здрав начин на живот, бенефиции од типот на колективно и приватно здравствено осигурување, програми за попусти на вработените, велнес-програма, тимбилдинзи и слично. Сепак, во „Тиго“ постои заедничка точка што ги поврзува сите вработени, а тоа е атмосферата, која е пријателска и непосредна.
„Тиго“ поседува филијали низ целата држава, 25 вкупно, дали планирате проширување и што тоа ќе значи?
Растењето и проширувањето на „Тиго“ ни е една од приоритетни цели. Веќе сме во полна пареа на отворање нови филијали низ целата држава, а за помалку од 2 месеца отворивме нови 9 филијали (десеттата е на пат), со што нашите услуги стануваат уште подостапни за нашите клиенти. Трендот на проширување на „Тиго“ продолжува, а со тоа и растот на вработените. Имено, за илустрација, бројот на вработени на почетокот на годината изнесуваше 43, а денес тимот на „Тиго“ брои близу 100 вработени, што претставува повеќе од 100% раст на бројот на вработени и тоа само за 8 месеци. Ова дефинитивно оди паралелно со нашите заложби да придонесеме кон развојот на македонската економија, а преку овој сегмент придонесуваме за намалување на невработеноста.
Која е Вашата лична порака за оние што сакаат кариера во финтек-индустријата?
Бидејќи толку брзо се зголемува индустријата, работните места на финтек можат да им понудат на младите лица и студенти можност да преземат одговорност рано во нивната кариера. Брзото проширување на стартапите дозволува секогаш да се во потрага по амбициозни млади луѓе кои можат да придонесат за нивните високи стратегии за раст не само преку обезбедување директни резултати, туку и со донесување свои идеи на маса.
Работењето во финтек е за храбрите, амбициозните и за оние што не се плашат да бидат „фрлени во длабоко“ и ја сакаат идејата да направат опипливо влијание врз растот на компанијата. Бизнисите на финтек имаат тенденција да работат со рамна организациска структура - што значи дека генерално има помалку бирократија и црвена лента во споредба со традиционалните финансиски институции.