X
 31.05.2016 Живот

Јована Аврамовска: "Од фчера имам трема за неделните новости"

Јована Аврамовска е новинарка и презентерка која веќе некое време е во телевизиските води, а во нејзините претходни новинарски ангажмани се има појавено како новинарка и репортерка на телевизија Сител и водителка на утринската програма „Ја сакам Македониј“. Моментално ја гледаме како презентерка на „Фчерашни новости“, новиот проект со Бранко Огњановски, за кој има доста големи надежи.

 

 2

 

Факултети: Како се случи да бидеш дел од проектот Фчерашни новости?

 


Јована: Сосема случајно, дознав за проектот од Бранко Огњановски  и ми се допадна идеата да бидам дел од нешто сосема поинакво. Го запознав одличниот тим со кој најпрво ги направиме пилот епизодите, кои нам ни беа смешни. Сега сум среќна корисничка на позицијата презентерка на Фчерашните Новости на Телма во Недела во 19:10.

Факултети: Колку е забавно, а колку напорно да се биде во тимот на Бранко Огњановски?

 


Јована: Забавно е многу, дури и во моментите кога е напорно. Имам чест да работам со луѓе кои дури и кога времето и содржините не притискаат знаат да направат квалитетна шега. Така што и од најнапорните ситуации излегуваме со смеење до солзи. Барем јас...

 

2



Факултети: Беше дел и од утринската програма на ТВ Сител, нешто сосема поразлично од Фчерашни новости. Што е поголем предизвик за тебе?

 


Се работи за два сосема различни проекти, но секако искуството кое сум го стекнала во утринската програма многу ми помогна. Фчерашни е особен предизвик затоа што во моментот нема нешто слично во етерот и се трудиме со нашиот хумор да ги вратиме во кондиција мускулите за смеење на нашите гледачи. Еве денеска од фчера имам трема за неделните новости.

Факултети: Дали имаш и друга преокупација во моментот?

 


Јована: Имам. Ја подоготвувам дипломската работа на Економскиот Факултет, на смерот Е-Бизнис која треба да ја одбранам некој ден помеѓу Фчерашните Новости и привремениот ангажман кој го имам во компанијата Микрософт Македонија. Уживам во двете обврски, кои на различен начин го исполнуваат моето време. Покрај тоа се дружам и со пријателите. Со некои во живо, а со некои на Скајп.

Факултети: Каде се гледаш во иднина? Дали телевизијата ќе ја испрофилира твојата професија или тоа ќе биде нешто сосема друго?

 


Јована: За тоа народот ќе одлучи. Доколку има заинтересираност од гледачите, се надевам дека Фчерашни ќе бидат дел од мојата иднина. Кога престанав да работам во утринската програма, не верував дека ќе работам на друг телевизиски проект. Но како што би кажал нашиот Спиро Енергија, долга е раката на универзумот која на мое огромно задоволство ме донесе во Фчерашни Новости. Ќе видиме каде ќе ме однесе утре, се надевам во нови Фчерашни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот