Сето она што грчкиот филозоф Платон го напишал за Атлантида во 360 година п.н.е, идеално се поклопува со геолошката формација Ришат.
Мистериозната геолошка појава околу Сахара, што е видлива од вселената, се наоѓа на подрачјето на денешна Мауританија. Станува збор за кружна формација со дијаметар од околу 40 километри, додека внатрешниот обрач или круг на дијаметарот е 23 километри.
Според веб-страницата „Брајтсајд“ се смета дека сето она што го напишал грчкиот филозоф Платон за Атлантида, совршено се совпаѓа со геолошката формација Ришат, односно „окото на Сахара“.
Фото: Google Maps
Оваа геолошка појава е мистерија. На почеток се мислело дека станува збор за кратер, но сега научниците велат дека „окото“ е резултат на поместување на континетот уште пред 100 милиони години.
Од друга страна, митот за Атлантида е постар и од делата на Платон. Платон ги добил информациите од големиот атински политичар и поет Солон, кој никогаш не успеал до крај да го истражи феноменот на изгубената Атлантида, но неговите дела биле зачувани, па 300 години подоцна ги добил Платон.
Се смета дека Атлантида била цивилизација како никоја друга, а во грчката митологија се споменува како богат и напреден остров, многу понапред од времето во кое живеел. На овој остров, луѓето кои живееле раководеле со неверојатна и необјаснива напредна технологија.
За жал, Атлантида наводно исчезнала во еден ден како резултат од катастрофален земјотрес и огромно цунами што однело сѐ пред себе.
Новата теорија за пронаоѓањето на
Атлантида не е потврдена ниту истражена, како ни бројни теории пред оваа.