X
 16.01.2017 Култура

По 10 години конечно изградена сензационалната филхармонија во Хамбург

Хамбург во текот на 2017 година ќе влезе меѓу десетте главни туристички дестинации, благодарение на новата зграда на Филхармонијата, архитектонскиот украс вреден 789 милиони евра.

 

хамбург


По речиси десет години изградба, проследен со многу скандали и повеќе пречекорувања на буџетот, во средата беше отворена Филхармонијата на Елби (Elbphilharmonie) во присуство на канцеларката Ангела Меркел и претседателот Јоахим Гаук.

Прекрасната градба ги фрли во сенка претходните скандали. „Ја нарекуваа сон и кошмар, глобална ѕвезда и шега, срамота и чудо“, изјави претседателот Гаук. Гостите биле маѓепсани.

„Филхармонијата ќе стане она за кое многу луѓе во Хамбург се надеваат: симбол на космополитска метропола отворена за светот и скапоцен камен во круната на Германија како културна нација“, додал претседателот.

Зградата е изградена на пристаништето на Хамбург, на самата палуба, на местото каде порано имало пристаниште и било типично складиште за жито во 1963 година. Архитектите долниот дел на зградата го обликувале по моделот на складиштето, додека горниот дел од зградата висока 110 метри бил направен од стакло, метал и бетон.

И канцеларката била воодушевена: „Еден ден ќе бидеме многу горди што во текот на нашиот животен век било изградено нешто за кое луѓето ќе зборуваат и за 50 и за 100 години“, изјави Ангела Меркел.

Филхармонијата е изградена на брегот на реката Елба, со фантастичен поглед кон пристаништето и градот.

Хамбург, со 1.7 милиони жители, е втор најголем град во Германија. Тоа е град на силна музичка традиција, во кој биле родени Брамс и Менделсон, а Битлсите токму тука го започнале почетокот на нивната кариера.

Градските очи сакале функционална зграда која истовремено ќе биде и архитектонски спектакл. Дизајнирана од страна на швајцарските архитекти Жак Херцокг и Пјер де Меурон - автори на Птичјото гнездо во Пекинг и лондонската галерија Тејт Модерн.

Долниот дел на Филхармонијата е од тули и имитира магацин, додека горниот дел е направен како фантастична стаклена структура.

Стаклената фасада се состои од 1.100 прозорци, на 37 мери висина е плоштадот Плаза, голем 4.000 квадатни метри до кој водат најдолгите подвижни скали во Западна Европа, долги 82 метри. Зградата има голема концертна сала со 2.100 седишта и мала со 550 седишта. Третата е „Каистудио“, мала сала со 150 седишта за експериментална музика или предавања.

Во зградата има и хотел и 45 луксузни станови со застаклени фасади и тераси со спектакуларни погледи на Елба, Хамбург и пристаништето.

Хотелот располага со 244 соби на 14 од вкупно 26 ката а зградата. Меѓу нив се и 39 станови големи од 46 до 162 метри квадратни. Хотелот располага со спа и базен долг 20 метри.

Со години, концертната сала во Хамбург претставуваше симбол за големи буџетски надминувања, бидејќи на почеток за изградба биле предвидени 241 милион евра, кои во 2008 година се зголемиле на 450 милиони евра, а на крај 789 милиони евра), како и роковите за изградба.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура