X
 23.01.2017 Живот

Писмо на човечност до соседите муслимани по инаугурацијата на Трамп


Луѓе со транспаренти на протест во Америка

Доналд Трамп и официјално стана новиот претседател на САД, иако добар дел од американската јавност сè уште не се сигурни како ќе се носи со таа функција, пишува Индипендент.

Ако се суди според протестните маршеви кои беа организирани за време, но и по инаугурацијата, следната ера во американската политика ќе биде уште поподелена и понапната. Токму затоа и ова писмо е една убава, топла алтернатива на таквиот дискурс.

Имено, Хенд Емри, која ја нарекуваат и „кралицата на муслиманскиот Твитер“, објави фотографија од писмо напишано во ракопис, кое некој го оставил пред вратата на нејзиниот вујко кој со семејството живее во сојузната држава Охајо.

Писмото совршено ја отсликува ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на САД во овој момент.

„Драги соседи, денес почнува ново време во нашата земја. Без оглед што ќе се случува, треба да знаете дека сè уште има многу луѓе кои ќе се борат за вашето право да ја практикувате вашата вера и да продолжите да ги живеете вашите животи без дискриминација. Добредојдени сте во нашето соседство и ако нешто ви е потребно, ве молиме слободно да тропнете на нашите врати.“

Исечок од Твитер

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот