Кога во дамнешната 1849 година Џејмс Полк ја напуштил Белата куќа, владеењето со САД требало да го преземе Захари Тејлор. Денот кога требало да ја разменат власта бил избран 4. март. Тејлор, како длабоко религиозен човек, го почитувал Сабат и сметал дека тоа е невозможно, бидејќи саботата била неработен ден. Тој немал намера да направи исклучок, ниту кога станувало збор за толку голем и значаен повод, како што била инаугурацијата на 12. претседател на САД.
И така, Полк го напуштил „тронот“, а никој официјално не го презел управувањето со Америка. Како што државата останала без „прв човек“ (немало ни претседател ниту потпретседател), следен во редот за привремен претседател бил
Дејвид Рајс Ечинсон.
Портпаролот на Белата куќа станал 12. претседател на САД, за период од речиси 24 часа. Меѓутоа многу познавачи на Уставот и експерти на оваа земја сметаат дека не е важно кога ќе се одржи официјалната инаугурација: штом еден претседател го заврши својот мандат, следниот стапува на должност.
Истовремено, научниците се прашуваат како Ечинсон можел да го наследи Полк, кога на целата администрација веќе ѝ завршил мандатот.
Фото: Wikipedia
Самиот Ечинсон безброј пати изјавил дека е лудост да тврди дека е претседател, иако сакал да потенцира дека лично тој ја водел „најискрената администрација што кога било ја имала Америка“.
Сепак, жителите на Мисури се горди на овој државник, па дури и во негова чест му изградиле надгробен споменик на кој пишува „претседател на САД за еден ден“, а во локалниот историски музеј се наоѓа и најмалата претседателска библиотека на светот, пренесува порталот Mental Floss.