Откако новиот американски претседател неодамна забрани влез во САД за сите бегалци, оваа одлука е применлива и на еден кандидат за Оскар.
Муслиманскиот
режисер Ашгар Ферхади на социјалната мрежа Твитер потврдил дека нема да присуствува на церемонијата, според
Independent.
Неговиот филм “The Salesman” е номиниран во категоријата за најдобро странско остварување, заедно со “Land of Mine” (Данска), “A Man Called Ove” (Шведска), “Tanna” (Австралија) и “Toni Erdmann”(Германија).
Во наредните 90 дена визи нема да се издаваат на граѓани од Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. Доделувањето на Оскарите е на 26 февруари, а “The Salesman” ќе биде во кината од 31 март.