X
 07.02.2017 Живот

Зборот кој може да го уништи извинувањето

извинување

Добрата страна на извинувањето е прилично очигледна: ги поправате работите, се ослободувате од вината и продолжувате понатаму, оставајќи ги позади вас тензиите или непријатноста која го оптоварувала вашиот однос со лицето кое ве повредило.

Меѓутоа, и најлошиот дел од извинувањето е очигледен и длабоко непријатен. Никој не сака да зборува за тоа колку ја „закашкал“ работата, со што автоматски себеси се претставува како ранлива личности. Ова значи дека ние често правиме несмасни обиди за да стигнеме до извинување кое од нас не бара да ја признаеме тешката вистина, меѓутоа и не ги подобрува нештата. Овој најлош дел е зборот „но“.

На пример: „Жал ми е, но...“

„Нудење на извинување претставува признавање на вината, што мора да признаеме, ги остава луѓето ранливи“, пишува писателката Џејн Броди, цитирајќи ја книгата „Why Won't You Apologize?“ од Хариет Лернер. Додавањето „но“ на крајот од извинувањето е изговор кој се спротивставува со искреноста на оригиналната порака. Најдоброто извинување е кратко и не вклучува објаснувања кои можат да го повлечат извинувањето.

Исто така, извинувањата имаат неколку заеднички работи: според истражување од 2014 година, добро изреченото извинување покажува дека на сторителот му е јасно дека она што го направил не било во ред, и за тоа презема целосна одговорност, нуди план за решавање на работите и ветува дека ќе се подобри во иднина. Од друга страна, неефикасното извинување вклучува оправдување или изговори, ја потценува сериозноста на престапот или го обвинува лицето на кое му се извинува.

Извинувањето е како одлепување фластер - стиснете ги забите и направете го правилно првиот пат; ќе ја скратите вашата мизерија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот