Причината поради која туристите ја посетуваат Индија е најчесто културата и сѐ она што е поврзано со мистичноста на Истокот. Но, овој пат земјата ќе дава и бесплатни SIM картички на туристите кои пристигнуваат.
Картичките ќе имаат
кредит за повици и 50MB интернет, а се достапни на туристи од 161 земја. Најпрвин ќе бидат достапни на аеродромот Индира Ганди во Њу Делхи, а потоа и на 15 други поважни аеродроми во светот. Но, не се првата земја со оваа идеја, туку Тајланд.
Оваа идеја се појавила кога Тајландската војска во 2014 продолжила да казнува непослушни туристи отккао оддобрила план за следење на телефонските повици на туристите кои пак, требало да користат специјални SIM картички.
Владините претставници инсистираат дека тоа е најдобар начин да ги фатат криминалците и да им помогнат на туристите кои имаат проблем, со што тие бргу би дошле во контакт со роднините, хотелите, туристичките водичи или слично.
Кога туристите добиваат индиски телефонски број постапката е посложена и потешко тој се активира, а на овој начин имаат пристап до телефон и интернет, како и до итни телефонски броеви за многу пократко време.