X
 15.03.2017 Наука

Јогата влијае на намалување на депресијата

Студија од Универзитетот во Бостон, утврдила дека часовите поминати во јога, два пати неделно, можат да ја олеснат депресијата благодарение на деловите каде што длабоко се дише.

Студијата опфатила 30 луѓе, на возраст од 18 до 64 години со дијагноза на клиничка депресија, кои не земале антидепресиви или барем не постојано, во последните три месеци.

Половина од учесниците се приклучиле на јога часови, во времетраење од 90 минути, три пати неделно и дополнително вежбање од 30 минути дома. Другата група посетувала неделно два часа јога, а три пати вежбале дома.

„Iyengar yoga“ е насочена кон правилно држење на телото и контрола на дишењето. Часовите јога за оваа студија вклучувале и 20 минути полесно дишење, пет вдишувања и издишувања низ нос во минута. По три месеци, повеќемината, во двете групи, имале намалени симптоми на депресија за 50 проценти. Не изненадува фактот што повеќенеделните часови јога имале посилно влијание.

Луѓето кои не реагирале на традиционалните третмани можат да се обидат со јога бидејќи за разлика од антидепресивите, јогата и длабокото дишење целат кон автономниот нервен систем. А ако автономниот нервен систем е во рамнотежа, другиот дел на мозокот подобро функционира. Истражувањата покажуваат дека 40 проценти од луѓето на антидепресиви, во потполност не оздравуваат од болеста  што создава дополнителен ризик од враќање на истата.

Наместо додавање на нов лек, јогата би можела да биде она што треба да се воведе кај луѓето кои патат од депресија. Потребни се дополнителни истражувања за да се види како јогата помага во однос на другите третмани.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука