X
 22.03.2017 Технологија

Едукативни веб страници за совладување вештини и знаења

Просечен човек поминува околу два часа на социјалните медиуми секојдневно. Што би постигнале, доколку тие два часа и искористиме за нешто друго, како на пример учење на нов јазик или совладување на одредена вештина? Ова е листа на 10 веб страници кои можат да ви го подобрат животот на многу начини, доколку се разбира, го намалите поминувањето на часовите на социјалните мрежи:


1. Unplug The TV

Секој пат кога ја посетувате оваа веб страница, таа ви обезбедува ново видео со кое ќе си ја подобрите интелигенцијата. Обидете се да го изгледате цело видео иако насловот не ви изгледа привлечно.

2. Skillshare


Часовите се презентираат од експерти. Без теории, без празни ветувања. Вештините на кои ве учат се применливи и корисни.

3. University of the People

Широк спектар на бесплатни курсеви.

4. High Brow

Курсеви од различни области кои траат само 5 минути а се навистина корисни.

5. Investopedia

Инвестиции и финансии. Колку и да звучи тешко, на оваа веб страница можете да научите многу повеќе од информации дадени од експерти.

6. Brain pump

Знаења кои ретко можете да ги најдете на социјалните мрежи, а ќе ве направат покреативни и ќе ви ја подобрат смислата за хумор.

7. Spreeder

Алатка која ви помага да сознаете повеќе и побрзо. Поставете текст кој сакате да го прочитате а алатката ќе ве води кон начините како да го прочитате побрзо.

8. Coursera

Голем број на бесплатни курсеви со одличен рејтинг.

9. Hemingway Editor

Бесплатен ментор за да научите да пишувате иако не сте писател. Веб страницата изобилува со совети за подобро формулирање на реченици.

10. edX

Курсеви од повеќе универзитети ширум светот. До сега 10 милиони студенти следат повеќе од 1.270 курсеви онлајн на оваа платформа.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија