X
 22.03.2017 Култура

Првата Мис на Европа била Југословенка


Штефица Видачиќ, прва Мис на Европа - Југословенка

Штеица Видачиќ е родена во 1905 година во хрватскиот град Пожега, а работела во кафуле во Загреб. На дваесет и двегодишна возраст станала Мис на Загреб, потоа и Мис на Кралството СХС, па најпосле во Берлин и првата Мис на Европа.

За Мис на Европа, наводно, меѓу трите финалистки ја избрал познатиот режисер Фридрих Мурнау, ветувајќи ѝ филмска кариера.

Штефица под името Штефи Вида настапила во неколку филмови во кои не се прославила, но титулата за најубава ѝ обезбедила популарност во цела Европа.

Медиумите  ја следеле на секој чекор и известувале за нејзините фризури, фустани, искуства од патувањата и снимањата... Станала и муза на познатиот сликар од тоа време, Роберт Ауер, кој насликал нејзин акт, а во тој период снимила и многу рекламни спотови...

Многу мажи се восхитувале на нејзината убавина, а тоа водело и кон создавање на легенди за неа. Според една од нив, угледниот господин, Јосип Тиљак,  заради Штефица извршил самоубиство, а во весниците било објавено и неговото проштално писмо.

Сепак, најпозната е легендата за Штефица и Мишкец. Тој бил убаво момче од Загреб кој работел како помошник  на мајстор кога се вљубил во Штефица. Откако таа се омажила, тој се оддал на алкохол, дал отказ од работа и почнал да живее како скитник. Секогаш спиел на истото место во Загреб, во близина на преминот Балкан, кој од деведесеттите години го добил името „Преминот на Мишкец“...


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура