X
 09.09.2018 Живот

Денот кога над македонското небо летале најмногу авиони

Небото над Македонија најмногу авиони го прелетуваат во лето. 

На 11 август по трет пат оваа година се надминал бројот на летови над македонското небо со вкупно 1.028 летови.

Од „Македонска навигација“ велат дека со ова се надминал рекордот од 4 август за 21 лет.

Од рекордните 1.028 летови, 963 се прелети а 64 остварени на аеродромите во Скопје и Охрид.

- Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на континуиран раст на сообраќајот кој започна во 2017 година кога се забележа раст од над 20% на глобалниот сообраќај – информираат од М-НАВ.

Месец со најголем раст на вкупниот сообраќај е мај со вкупен сообраќај од 19594 во 2018 година, наспроти 16768 во 2017 година, што претставува вкупен раст од 16,9% на месечно ниво.

Н: Денот кога над македонското небо летале најмногу авиони

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот