Стигна времето на летни годишни одмори и жештини, а комарците доаѓаат со нив. Но, зошто некои луѓе повеќе се подложни на касање од комарците, а други не? Постојат неколку причини:
Бојата
Видот на комарците се подобрува доцна попладне, па затоа добро би било да не носите темна боја како црна или сина, но и црвена.
Крвна група
Возрасните комарци бараат нектар, а на женките им се потребни протеини од нашата крв за да можат да создадат јајца. Одредни истражувања покажуваат дека некои крвни групи повеќе привлечни за нив од други. Најпривлечна крвна група за нив е О, и тоа два пати повеќе од А. Крвната група Б е некаде во средината. Но, без оглед на крвната група, комарците ги привлекуваат луѓе кои испуштаат одредена секреција поврзана со типот на крвната група.
Кожата и потта
Во едно истражување мажите биле поделени во две групи. Една група со одреден тип на бактерии на кожата повеќе ги привлекувала комарците отколку друга. Исто така, комарците сакаат луѓе кои се потопли и поиспотени.
Бременост
Истражување спроведено во Африка покажало дека бремените жени се двојно попривлечни за комарците отколку жените кои не се бремени. Причината за ова е зголеменото ни во на јаглерод диоскид и зголемената абдоминална топлина.
Пиво
Комарците се привлечени од луѓе кои пијат пиво, поради зголемениот етанол во потта и кожата.