X
 28.06.2021 Наука

Експерт за невронаука споделува најлесен трик за подобрување на меморијата и зајакнување на мозокот

Како што старееме, едноставно мора да прифатиме дека сѐ почесто ќе забораваме работи и ќе имаме моменти со кои сега се соочуваат старите луѓе. Но, тоа не мора секогаш да биде така, вели експертот за невронаука, д-р Патрик К. Портер, кој споделува неколку негови совети за да помогне во подобрувањето на нашата меморија и целокупното здравје на мозокот.

- Кога размислувате за античките племиња, кај нив целата мудрост не била кај младите туку кај постарите. Наспроти популарното верување, можеме да имаме силен мозок на било која возраст - вели д-р Портер.

Тој додава дека зголеменото ниво на стрес во нашите секојдневни животи е еден од водечките виновници за когнитивниот пад.

- Кога сме преоптоварени, нешто мора да биде жртва, па обично тоа се нашите сеќавања. Секојдневното заборавање е резултат на премногу стрес и недоволно време да му се даде значење на нешто. Пред нашиот мозок да процесира една информација и да ја складира, доаѓа нешто друго и станува поважно затоа што постојано нè бомбардираат со информации - вели тој.

Ви звучи познато? За среќа, ако постојано се чувствувате преоптоварено и тие моменти на „старост“ почнуваат да се појавуваат почесто, Портер споделува лесен трик што може да ви помогне.

мозок
Фото: Freepik

- Еден совет да запомните нешто едноставно, како на пример каде сте ги оставиле клучевите, е да ја преувеличите меморијата за да ви ја складира мозокот. На пример, ставете ги клучевите онаму каде што сакате и потоа замислете огромен лав дека стои како стражар над клучевите. Тоа ќе ви помогне да запомните каде се бидејќи мозокот ќе ја складира таа претерана мисла - вели д-р Портер.

Портер вели дека практикувањето совесност барем еднаш во денот е уште еден одличен начин да го одржуваме нашиот мозок во добра форма.

Спиењето е уште еден важен елемент кога станува збор за намалување на ризикот од когнитивен пад. Всушност, Портер опишува дека редовниот, квалитетен сон е број еден активност што го зголемува и подобрува мозокот. Токму ова го покажува и неодамнешното истражување кое откри дека длабокиот сон секоја вечер може да спречи Алцхајмерова болест. Истражувачите откриле дека колку е подлабок сонот, толку е полесно нашиот мозок да се ослободи од токсичните амилоид-бета протеини и тау протеини кои се најчесто поврзани со невродегенеративни болести.

Покрај сето ова, Портер потсетува дека вежбањето и здравата исхрана ќе го подобрат нашето здравје на мозокот исто како и остатокот од нашето тело.

- Не можеме да го запреме стареењето, но можеме да ги забавиме ефектите од тоа врз нашиот мозок. Движење, вежби за дишење, зголемување на протокот на крв, намалување на стресот - ова се сите начини на кои можете да спречите когнитивно опаѓање и да ја подобрите функцијата на мозокот на која било возраст - вели тој.

Извор: Womansworld.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука