За последната епизода на „Игра на троновите“ повеќето фанови се надеваа дека на крај работите ќе бидат добри за останатите херои во Вестерос.
Но, истражувањата спроведени на фанови на „Игра на троновите“ открија дека можеби на телевизиските серии им се потребни повеќе несреќни краеви.
Луѓето претпочитаат приказни со среќни краеви. Поради оваа причина, повеќето приказни се развиени за масовната публика - без разлика дали се книги, филмови или телевизиски серии. Тие на крајот го наградуваат главниот лик поради тоа што ја направил вистинската работа.
Но, сите тие среќни краеви имаат политички последици - барем според еден истражувач.
Во истражување од 2007 година комуникацискиот психолог Маркус Апел открил дека колку повеќе измислени приказни луѓето гледале, толку е поголема веројатноста да веруваат во праведен свет.
Фото: Getty Images
Како ова верување е поврзано со политиката? Па, кога верувате во праведен свет, се трудите да мислите дека добри работи им се случуваат на добрите луѓе, а лоши работи им се случуваат на лошите луѓе. Овој поглед на светот потоа влијае врз поддршката на одредени политики.
На пример, ако верувате во праведен свет, најверојатно верувате дека сиромашните луѓе заслужуваат да бидат сиромашни. Не е изненадувачки дека погледот кон светот е поврзан со помала поддршка за програмите за борба против сиромаштијата. Тоа е исто така поврзано со негативни чувства за сиромашните и поддршка за авторитаризмот.
Верувањето во праведен свет се чини дека е активирано како психолошки одговор на доживување непријатност поради одредено сведоштво на злоупотреба, криминал, економска катастрофа и војна. Наместо да се присили некој да се справи со сложените емоции што ги предизвикуваат овие жртви, овој поглед на светот функционира како штит - зошто да се посвети емоционална енергија и ресурси на овие луѓе ако го заслужуваат она што го добиваат?
Дали „Игра на троновите“ може да го обои вашиот свет?
Кога дебитира во 2011 година, „Игра на троновите“ не беше како повеќето други серии.
Не само што го напушти типичниот модел во кој протагонистите се наградени ако ја направат вистинската работа, туку отиде во спротивна насока, хранејќи ги гледачите со сурови и брутални неправди.
Настаните вклучуваа садистички млад крал кој наредува обезглавување на главниот лик; колење на невооружени гости на венчавка; физичка и психичка тортура; млади девојки принудени на бракови, а потоа се силувани и сексуално нападнати. Серијата ја научи публиката да не се поврзува со ниеден лик бидејќи голема е веројатноста тој лик да се соочи со сурова и неправедна судбина.
Ако Апел откри дека измислените приказни со среќен крај ја зголемуваат вербата во праведен свет, дали изложеноста на повторените неправди во „Игра на троновите“ може да го направи спротивното и да ја намали тенденцијата на публиката да верува во праведен свет?
Јас и моите студенти направивме тестирање за таквиот ефект. Во текот на два семестри направивме анкета и експеримент.
За анкетата и експериментот регрутиравме учесници преку социјалните медиуми. Случајно назначив волонтери на три групи, давајќи им задача на учесниците од една група да гледаат шест епизоди од „Игра на троновите“, другата група да гледа шест епизоди од „Вистинска крв“, серија што покажува поправеден свет, и третата група само да ја пополни анкетата. За вториот експеримент случајно назначив студенти од голема училница да гледаат или пет епизоди од „Игра на троновите“ или филмот „Хобитот: Битката на петте армии“.
Во истражувањето откривме дека изложеноста на „Игра на троновите“ е поврзана или резултира со пониско ниво на верување во праведен свет. Овие наоди останаа вистинити, истовремено земајќи ги предвид и другите карактеристики на испитаниците.
Со други зборови, изложеноста на „Игра на троновите“ се чини дека има ефект врз гледачите сличен на оној што го дава консумирањето на вестите наместо изложеноста на други измислени приказни.
Несреќните краеви ја имитираат реалноста. Ја препознавам потребата од повременото бегство од грдотијата на реалниот свет во измислен свет каде што ќе има среќен крај. Но, во медиумското опкружување во кое доминира забавата, важно е периодично да бидете шокирани за да се сетите дека работите не секогаш функционираат толку убаво.
Тоа е вредноста што ја видов во серијата „
Игра на троновите“.