X
 12.09.2022 Живот

Претседателот Пендаровски и неговата сопруга ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Лондон, соопштија денеска од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон.

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември, на 96-годишна возраст. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот