X
 09.05.2017 Култура

Жителите на мало италијанско село изградија вистински соживот со бегалците


Крајбрежно село
(Фото: AP)

Пред три години, селото Сент Алесио во Италија имаше само 300 жители, а неговата економија беше на работ на пропаст. Но, проектот со бегалците им ја промени тешката ситуација, пренесува „Ал Џезеира“.

„Нашата мисија е од хуманитарен карактер, а тоа е најважно. Луѓето кои бараа азил кај нас, имаа позитивно влијание врз ова место. Тоа повторно заживеа, има многу повеќе луѓе во центарот“, вели Стефано Калабро, градоначалникот на Сент Алесио.

Во текот на 2013 година, ова село се приклучи кон програмата за имигрантите, а за тоа се издвојуваат по 45 евра за секој бегалец дневно. Ним им се обезбедува сместување, но и други активности.

Домаќините направиле сè за да им помогнат на бегалците повторно да застанат на нозе. Тие учат италијански јазик, имаат правна заштита, медицинска помош, обука за работа и низа социјални активности.

Ова место набрзо стана втор дом за многу баратели на азил, кои долги месеци поминале низ пренатрупаните бегалски кампови.

„Кога бев во кампот Минео, постојано размислував како да стигнам до храна и лекови. Овде имам сè, дури и лекарска помош“, вели бегалец од Гана.

Локалното население со задоволство ги прифати гостите. Многумина од нив имале и сопствено искуство со миграцијата, па ги разбираат нивните маки и потреби.

„Се однесуваат добро и тие се добри луѓе. Кога ни треба помош при обработката на земјата, тие ни помагаат, а ние им плаќаме за работата. На тој начин, тие се чувствуваат корисно“, вели Антонио Сака, жител на Сент Алесио.

Овој проект доживеа голем успех, па сега четири блиски села сакаат да го следат овој пример.

Погледнете го видеото:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура