X
 04.07.2021 Култура

Сенегалска Теранга - филозофија и начин на живот што се пренесува од колено на колено

Една од најпознатите работи во Сенегал е гостопримството за кое Сенегалците имаат посебен збор на нивниот волоф јазик - „Теранга“. Ова не значи само гостопримство туку и солидарност и почит кон сите членови на заедницата.

Ниту еден друг збор не го прикажува духот на оваа земја како „Теранга“. Не е изненадување што самиот Сенегал се нарекува земја Теранга. За локалното население, ова не е само збор. Ова за нив е и начин на живот и филозофија што се пренесува од генерација на генерација.

„Теранга“ ја нагласува дарежливоста на духот и споделувањето на материјалните добра во сите средби, дури и со непознати луѓе.

Давањето на некого, без оглед на националноста, верата и класата, го негува чувството дека сите во оваа земја се безбедни и добредојдени.

senegal
Фото: Pixabay

Духот на гостопримливост и заедништво - тоа е она што го прави Сенегал да дише како еден и да ги одржува луѓето обединети.

Сенегалскиот народ е еден од најмирољубивите во Африка. Земјата прима милиони бегалци од цела Западна Африка, од кои многумина се населиле таму и се интегрирале со локалното население. Сенегал одржува мир со своите граѓани и меѓународните сојузници, со што земјата е една од најбезбедните за посета во Африка. На глобална сцена, Сенегал е неутрален и никогаш не учествувал во било каква војна со соседните земји.

Главниот град на Сенегал е пристанишниот град Дакар. Неговата историја го обликуваше како еден од најлибералните и најкосмополитски градови во Африка. Одличните имиња на западноафриканската музика, поезија, литература и либерални уметности потекнуваат од Дакар.

Во Сенегал, козите и овците имаат духовно значење за народот. Таксистите во Сенегал веруваат дека козите носат среќа и затоа закачуваат опашка од коза на задниот дел од своите возила. Вообичаено е да се гледаат такви автомобил во градовите.

senegal
Фото: Pixabay

Најпознатиот музеј во главниот град на Сенегал, Дакар, е Куќата на робовите, светско културно наследство на УНЕСКО. Првично изградена во 1700-тите, куќата се користела како место за чување робови пред да бидат префрлени во западните земји. Куќата денес е музеј и сеќавање на сите Африканци кои ја изгубиле слободата.


Во Сенегал живеат гриотите - традиционални раскажувачи, пејачи, поети, музичари. Овие луѓе се мудреците на Сенегал. Тие се филозофи и моралниот компас на сенегалската нација. Тие се оние кои му даваат насоки на општеството.

Гриотите се толку свети што кога ќе починат, тие се закопуваат под баобаб дрво кое се смета за свето. Се верува дека на овој начин тие продолжуваат да живеат низ дрвото.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура