X
 31.05.2017 Живот

Дали анонимноста е невозможна во 21 век?

Замислете да влезете во простор исполнет со странци, или да патувате во нов град каде што никој не Ве познава. Како би се чувствувале?

анонимен


Можеби ќе се почувствувате слободни, полни со енергија или како да немате контрола. Но ова е погрешно. Она што би го почувствувале е анонимност – социокултурен феномен кој за жал постанува сѐ поголем луксуз.

Анонимноста е уникатно психолошко човечко искуство и идејата е дека сите ние имаме идентитет со кој се претставуваме пред светот, но при одредени околности тој идентитет треба да се сокрие.

„Потребно ни е јавно „себе“ за да учествуваме во општетсвото меѓу семејството, пријателите, колегите и соработниците“, вели Џон Шулер, професор по психологија на универзитетот во Њу Џерси. Но тој понатаму вели дека ни е потребно и приватно „себе“, внатрешен простор каде што може да бидеме сами со нашите мисли и чувства и со нашата психа.  Нашиот идентитет се формира од тие две страни.

Анонимноста овозможува многу работи – на пример да се изразат своите идеи без да бидат осудени.

Според една интересна студија во 2013 година повеќето учесници би сакале да останат анонимни, но не мислат дека е целосно можно. 59% од американските интернет корисници веруваат дека е невозможно целосно да го сокријат својот идентитет.

Оваа година се појавува и терминот „парадокс на приватноста“. Ова значи дека додека луѓето ја вреднуваат приватноста, прават многу малку за да ја заштитат. На пример, кога последен пат сте ги прочитале политиките на приватност кога сте онлајн? Интернетот стана место во кое на луѓето им е премногу удобно, место без вистински граници, и нешто што пред сѐ не се сфаќа сериозно. Ерата на информациите заедно со технолошките уреди направи многумина воопшто да не се грижат за анонимноста.

Ако имате профил на најмалку една социјална мрежа тешко е да се зборува за приватност.
Неодамна преку едно истражување се дошло до заклучок дека Американците не веруваат дека нивните информации се заштитени на социјалните мрежи. Најдобро што може да направите е да си ги чувате лозинките за Вас, да користите различна лозинка за секој сервис и да ги направите тешки за погодување.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот