X
 17.03.2020 Здравје

Досега 26 заразени во Македонија, за еден месец може да имаме 2.000 заболени, рече Филипче

Позитивни се тестовите на тројцата пациенти што се тестирале на клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови со кои се потврдија претходните резултати. Заклучно до 12 часот денеска во земјава се потврдени вкупно 26 лица заболени од коронавирусот – изјави денеска на прес-конференција министерот Венко Филипче. 17 се во Скопје, 9 во Дебар.

 

Состојбата на сите пациенти е стабилна, а утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите за тројца. Пациент од Скопје се заразил при контакт со гости од Србија, а двајцата заразени сопружници патувале во Бугарија минатата недела и во Македонија се вратиле пред неколку дена. Филипче изјави дека се мапираат контактите на сите пациенти.


- Инфективната клиника е спремна, првиот кат не е исполнет, а го имаме и вториот кат, кој е целосно спремен за да ги прими пациентите. Денеска бевме контактирани од кинеската амбасада и има голема шанса да стигне помош во маски, респиратори, заштитни костими за здравствените работници.


Филипче информира дека 200 македонски државјани што беа заглавени на унгарско-српската граница со организиран превоз ќе дојдат во Македонија на граничниот премин Деве Баир. Најголем дел од нив работеле во ризичните региони во Италија, а дел во Австрија. Сите ќе одат во групен карантин во касараната на Криволак.

Град Скопје одлучи да се зголеми бројот на автобуси во утринските и во попладневните часови бидејќи се утврдило дека редуцираниот возен ред создава поголем метеж во автобусите на ЈСП.

- Епидемијата е во силен ек. Секоја епидемија има свој тек, почеток, но и свој пик, и намалување. Очекувано е бројот да расте во следниот период. Затоа е најважно да се спречи локалната трансмисија. Да застанеме на патот на вирусот. Останете дома, не собирајте се, не групирајте се, излегувајте само ако е итно. Не се задржувајте во маркетите, држете дистанца и одржувајте лична хигиена. Од сите нас зависи и максимално сериозно мора да пристапиме. Ова не е шега. Да се однесуваме одговорно. Мерките ќе ги заоструваме ако налага ситуацијата - изјави Филипче.

Тој рече дека пикот во Македонија, според некои прогнози и претпоставки, може да се очекува за еден месец и да дојдеме до бројка од 2.000 заболени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје