X
 12.06.2017 Образование

Секој има свои судови и пресуди за образованието

Во „Зелената книга за образование на ЕУ“ се вели дека „најверојатно наставата како занает застарела“. Метаанализата на Џон Хети посочува дека 85% од наставниците даваат отпор кон промени во својата постојана практика. Заклучокот е дека најголемиот дел од она што го прави наставникот влече корени од традицијата, искуствата и контекстот.



Од детска градинка до универзитет, теоријата и праксата секогаш доаѓаат заедно во хаотична нерамнотежа. Наставата како занает е исто толку важна како и наставата како наука. Тие доаѓаат заедно во еден судир со размислувања, пракса, промени.

Не постојат фиксирани сетови, апсолути за секој контекст, за секоја култура или училница во однос на она што образованието прави, што треба да прави и како функционира.

Колку сме подготвени да прифатиме дека барањата можат да се променат неколку пати во професионалната кариера и при тоа да не ја интерпретираме професионалноста како изговор за отпор кон промените?

Чинот на наставата е мистерија. Се уште никој не разбрал како наставата создава учење, а оние кои мислат дека разбрале, само добро се преправаат или веруваат дека тоа добро го прават.

„Исто како што никој не може да ги види боите како што јас ги гледам. Исто како што никој не може да ја слуша и ужива музиката како што јас тоа го правам. Исто како што никој не може да го почувствува она што јас го чувствувам кога некого држам за рака. И како што никој не може да го почувствува светот како што јас го гледам светот околу мене. Исто така и никој не може да ме научи како да учам“. (John Connell)

Дали учителот се раѓа или се создава? Зошто во некои работи тој не може да се научи, а во некои може да се подобрува и поттикнува?

Професијата наставник во себе има силен, нагласен елемент на индивидуалноста. Затоа, главната страна на образованието е фокусот на индивидуалноста или како да го извлечеш најдоброто од секој поединец.

 „Енергијата на умот е всушност суштината на животот“ (Аристотел).

Превземено од блогот Еуритмија
Подготвил: Доц. д-р Кирил Барбареев

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование