X
 13.10.2019 Живот

Ако немаш, купи го легално - Колку чинат државјанствата на земјите низ светот?

Освен што се добива со раѓање и што може да се изгуби, денес државјанството може да се заработи и купи.

А дека станува збор за сè понејасен концепт јасно покажува фактот дека трговијата со државјанствата денес е глобална индустрија вредна 25 милијарди долари, односно 22,8 милијарди евра.

- Државјанството е една од ретките работи во светот што сè уште ја поврзуваме со крвно сродство или место на раѓање - смета Кристијан Калин, швајцарски адвокат и член на одборот на „Хенли & Партнерс“, еден од најголемите светски играчи на овој брзорастечки пазар.

Компанијата всушност им помага на богатите и нивните семејства да добијат престој или државјанство во други земји.

- Системот не е фер бидејќи таму каде сме родени нема врска со нашите способности или таленти, туку е чиста среќа. Зошто државјанството да не се третира како членство? Зошто би било погрешно да се примат талентирани луѓе кои ќе придонесат за земјата? - додава Калин.

Еден од најголемите светски пазари за државјанство е Хонг Конг, што не изненадува со оглед на бројот на жители.

pasos
Фото: Pixabay


Сè повеќе луѓе имаат два, а некои па и три пасоши, објаснува Ем Џеј, трговец за државјанство во оваа земја.

- Луѓето не се чувствуваат безбедно во Кина и сакаат пристап во Европа и таму да отворат банкарски сметки, да купат недвижнини или да формираат компанија - вели тој.

Всушност, голем дел од Азија, Русија и Блискиот исток сакаат државјанство од некои европски земји за да можат слободно да се движат и да работат во сите земји-членки на ЕУ.

Цена на државјанството

Затоа не изненадува тоа што државјанството стана конкурентен светски пазар, а за многу малите и островските држави, како тие на Карибите, цената на нивниот пасош изнесува приближно 150.000 долари.

Црна Гора своето државјанство го наплаќа 350.000 долари, а потребно е да се инвестираат 250.000 евра во програмата за развој на земјата, додека апликацијата за државјанство чини дополнителни 100.000 евра.

Оние кои сакаат португалско, шпанско или унгарско државјанство мораат да купат недвижнини или државни обврзници што ќе ги чини 350.000 евра во Португалија, односно 500.000 евра во Шпанија.

Околу 500.000 евра се потребни за бугарско државјанство, додека државјанството од Малта чини милион евра. Самото државјанство од Малта чини 650.000 евра, но потребно е да имате имот вреден најмалку 350.000 евра и тоа полни пет години. Ако станува збор за семејство, државјанство за сопруга/сопруг чини дополнителни 25.000 евра, а за дете кое не е во брак и е на возраст од 18 до 25 години и за родители кои зависат од личноста која се пријавува за малтешко државјанство, треба да се платат уште 50.000 евра по личност.

Кипар пак, постојано ги менува цените на своето државјанство. Самата земја воведе продажба на пасоши во 2012 година, кога беше на работ на банкрот, па државјанства по брза постапка делеше за директна инвестиција од 10 милиони евра. Година дена подоцна, оваа држава се најде во голем корупциски скандал и банките ѝ ги зеле парите. Бидејќи за Кипар тоа значело паѓање во уште подлабоки финансиски проблеми, владата ја спушти цената на кипарскиот пасош на 3 милиони евра директни инвестиции. Подоцна цената дополнително падна, па денес треба да се инвестираат 2 милиони евра и на кипарската територија треба да се поседуваат недвижнини од барем 500.000 евра.

САД своет одржавјанство го продава за бизнис инвестиција помеѓу 500.000 и милион долари, односно 455.000 и 910.000 евра и за создавање на најмалку 10 работни места.

Работните места се услов и за австриски пасош. Попрецизно, потребна е значајна директна инвестиција во компанија што вработува или континуирано ѝ расте извозот, а со инвестицијата неопходен е и исклучителен придонес за земјата како развивање на нови технологии и создавање на голем број работни места.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот