X
 26.08.2020 Живот

Жена заразила 27 луѓе во „Старбакс“, но не и вработените што носеле маски

Откако една жена позитивна на Ковид-19 го посетила кафулето „Старбакс“ во Сеул, 27 лица се заразиле неколку дена подоцна. Но, четворицата вработени што носеле маски не се заразиле.

- Ова кажува многу за улогата на маските. Можеби маските не обезбедуваат 100 отсто заштита, но не постои ништо друго што би било поефикасно - вели Ма Санг Хјук, педијатар кој специјализирал за заразни болести.

Насоките за носење маски се даваат насекаде низ светот. Властите се надеваат дека нивното носење ќе го намали ширењето на вирусот.

Но, отпорот за носење маски останува во земји како САД, каде што некои луѓе се спротивставуваат на задолжителното носење маски кога влегуваат во продавници или ресторани. Исто така, се шират дезинформации за нивната ефикасност и безбедност.

Официјалните лица претпоставуваат дека повеќето клиенти не носеле постојано маски додека пиеле и јаделе во „Старбакс“.

- Вирусот може да се рашири таму каде што луѓето не можат да носат маски додека јадат или пијат, како што беше случај во „Старбакс“ во Паџу - вели Јунг Еун-кјонг, директор на Центрите за контрола и спречување на болести во Јужна Кореја.

- Случајот во „Старбакс“ е една од најважните можности за проучување на факторите на ризик кај повеќе или помалку контролирана група на луѓе, вели Арнолд Босман, директор на „Трансмисибл Би-ви“, холандски развивач на материјали за обука за контрола на епидемии.

- Оваа случка е важна вежба за обука за идните генерации епидемиолози - додава тој.

Кластерот „Старбакс“ подоцна довел до околу триесет други случаи надвор од кафулето. Тие се меѓу повеќе од 3.000 заразени овој месец, што ја поттикна јужнокорејската влада да размисли за воведување на највисоко ниво на правила за физичко дистанцирање.

Сеул сега е жариште на вирусот, а локалните власти оваа недела воведоа задолжително носење маски и во затворено и на отворено.

Извор: Fortune.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот