X
 26.06.2017 Живот

Нај(не)среќниот учител на светот

Фране Селак е роден во Хрватска во 1929 година. Тој имал релативно нормален и мирен живот, работејќи како наставник по музика. Потоа, во неговите триесетти почнува приказната за тоа како ја мами смртта, и секогаш настанот вклучувал некакво возило. Селак се наоѓал во ужасни несреќи, но секогаш ги избегнувал тешките телесни повреди.

маж
Фото: thechive.com

1962: Селак патувал со воз од Сараево до Дубровник. Вообичаено оваа рута траела пет часа, а тогаш возот излетал додека минувал низ леден мост и паднал во замрзната река. Во несреќата загинале седум лица, а Селак имал само скршена рака и неколку модринки.

1963: Додека летал од Загреб до Риека, една врата од авионот се скршила и неколку десетици патници боле одвлечени во воздух. Меѓу нив бил и Фране Селак кој успеал да се спаси затоа што паднал врз куп сено и згора на тоа поминал без повреди.

1966: Овој пат Селак патувал со автобук кој случајно се урнал во река. Четири лица се удавиле, но тој останал неповреден.

1970: Додека патувал еднаш со автомобил оваа година сфатил дека нешто не е во ред со пумпата за гориво. Автомобилот почнал да гори, а тој успеал да избега пред истиот да експлодира.

1973: Селак си купил друг автомобил и тој исто така се запалил. Овој пат пламенот доаѓал низ вентилацијата за воздух и ја запалил неговата коса, но немало друга штета.

1995: Селак овој пат успеал да се спаси откако го удрил градски автобус. Откако бил на лекар се потврдиле малкуте повреди.

1996: Фране возел по тесен планински пат и бил упатен директно во насока на камион кој возел кон него. Мислејќи брзо, но не мудро, свртел, возел по карпата, скокнал и грабнал гранка. Како што се качил назад на патот погледнал надолу и видел дека неговиот автомобил експлодира на 100 тина метри под него.

2003: Фране Селак добива 1.1 милион долари на хрватската национална лотарија. Купува две куќи и брод (единствениот метод на превоз што до тогаш не го убил).

2010: Фране го дава остатокот од добивката на неговите роднини и пријатели.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот