Фото: Reuters
Несомнено технологијата ни ги промени животите, а според истражувањата, го промени и начинот на кој одиме.
Какви последици врз мускулите и коските има тоа што поминуваме многу часови пред компјутер, гледаме во екранот на телефонот додека одиме, читаме од таблетот додека лежиме?
Истражувањата покажуваат дека одењето со телефонот во рацете, со наведната глава и прсти кои пребаруваат низ екранот, има влијание врз начинот на кој се движиме.
Научниците го проучувале одењето на 22 возрасни личности. Тие од испитаниците побарале да пишуваат броеви во телефоните додека се движат на лента. Така, научниците забележале како учесниците го менуваат начинот на одење за да го намалат ризикот од паѓање и да останат стабилни.
Луѓето што истовремено одат и сурфаат на интернет или пишуваат, пред сè, го забавуваат одот, прават подолги чекори, а амплитудата на одењето се проширува.
Ризикот за нозете е минимален, додека најмногу страда горниот дел од телото бидејќи се наведнува напред и со тоа ги искривуваме рамената. На тој начин се искривува и половината, па почести се болките во грбот. Често настанува и воспаление на палецот и показалецот со
масовната употреба на современите уреди.