X
 10.07.2017 Живот

Мапата што никој не може да ја објасни

Најинтересната појава на таканаречената „Необјаснета мапа“ е Антарктикот – не само што на него нема мраз туку е и поврзан со Јужна Америка.

фото извор: Piri Reis / Public Domain

Тоа повторно ја отвора теоријата чиј творец е историчарот д-р Чарлс Хапгуд од Харвард - дека мапата го покажува Антарктикот од праисторијата. Се претпоставува дека отоманскиот адмирал и картограф Пири Реис, кога ја создавал мапата, можеби се служел со мапа од некоја постара цивилизација.

Со оглед на тоа дека Антарктикот е откриен во 1818, а не во 1513 година, прикажувањето на топографијата од овој дел од светот претставува голема мистерија. Како Реис воопшто дошол до такви информации?

Реис самиот на мапата образложил дека кога ја создавал, се користел со 20 различни извори, вклучувајќи и историски карти и карти од негови современици.

„Арапите често го мешале Кладудио Птоломеј, географ од 2 век, со Птоломеј Први, генерал од Александрија и прв птоломејски владетел на Египет, кој владеел од 323 до 285 година пр.н.е.“, пишува експертот за мапи Грегори Мекинтош.

Пири Реис најверојатно ја направил истата грешка, верувајќи дека мапите потекнуваат од времето на Птоломеј Први, наместо од Клаудио Птоломеј. Мекинтош исто така наведува дека несогласувањата во врска со Северна Америка можат да се припишат на тогашното верување дека се работи за Азија, што не било врзано само за Реис.

Наједноставно објаснување би било дека не се работи за Антарктик, туку за Тери Аустралис, хипотетички континент кој во времето на Реис е претставен на многу карти. Се верувало дека Тера Аустралис претставува противтежа на континентите на северната хемисфера и се чекал денот кога новиот континент ќе биде истражен.



Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот