X
 13.07.2017 Наука

Матрикс во реалноста: Поврзување војници со компјутери

Научниците од DARPA сакаат да направат чипови со кои на луѓето ќе им овозможат својот мозок директно да го соединат со компјутер, а Американската војска го финансирала проектот со 65 милиони долари.


Научниците велат дека ваквиот систем би можел да им даде на војниците суперсетила, но би имал примена и при лекување на луѓето од парализа, слепило и нарушувања во говорот. Имено, војската одлучила да финансира милиони во 6 различни истражувања чија цел е развој на систем што ќе се вгради во церебралниот кортекс, па со тоа ќе се овозможи прецизна комуникација помеѓу мозокот и дигиталниот свет.

Меѓу овие 6 проекти, 4 се фокусираат на визуелната обработка на информации, а преостанатите на обработка на звук и говор. Еден тим сака да направи спој помеѓу мозокот и вештачки ирис со висока резолуција, а друг работи на развој на систем кој би овозможил надоместок на вид или контрола над вештачки екстремитети.

Задачата на овие тимови нема да биде лесна. Од DARPA сакаат да направат имплант кој може да бележи сигнали од дури милион неврони истовремено. Тој уред мора да биде способен за двонасочна комуникација и не смее да биде поголем од две парички.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука