Кога се зборува за најдобрите образовни системи во светот, најмногу се споменуваат земјите од Азија, како што се Сингапур и Јужна Кореја, или пак, нордиските земји, како Финска и Норвешка.
Иако не е доволно признато, и Канада се наоѓа меѓу првите земји во однос на доброто образование. Во последните интернационални Пиза-тестирања, земјата се појавува во првите 10 земји што се однесува до математиката, науката и читањето. Според резултатите, тинејџерите во Канада се едни од најобразованите млади лица во светот и бележат поголеми успеси од САД и од европските земји, како Велика Британија и Франција.
Канада има најголем број вработени лица со завршено високо образование. Земјата дури и нема национален едукативен систем, туку се базира на автономни провинции. Исто така, како податок треба да се знае и фактот што во канадските училишта има и многу мигранти, дури повеќе од една третина.
Интересен факт е тоа што доколку канадските провинции би ги реализирале тестовите одделно, повторно би имале одлични резултати. Алберта, Британска Колумбија и Квебек би биле на првите 5 места во светот за наука.
Нивната тајна за успешно образование е во посветеноста кон давање еднаква шанса за сите. Еднаквиот пристап и праведноста го двојат овој систем од останатите. Мигрантите ги добиваат истата шанса и третман како и локалните жители. Друга карактеристика е тоа што наставниците во Канада се високо платени и вработувањето на наставниците е навистина селективно.
Се преземаат големи напори за да се подобри писменоста, наставниците постојано посетуваат обуки, има многубројни извори што се користат како ресурси, како библиотеки и слично.
Со одлуката на Трамп за забрана за влез во САД за лица од одредени земји, бројката на интернационални студенти во
Канада е зголемена. Денес земјата се смета за светска суперсила во образованието.